Жени, време е за прослава. По 13 години откако Вијагра се појави на светските пазари и ги израдува мажите ширум светот, научниците најавија дека наскоро ќе се појави и вијагра наменета за жени.
Научниците потврдија дека работат на создавање на ЛибиГел, кој ќе биде наменет за зголемување на женското либидо. Се очекува дека овој производ ќе биде регистриран и достапен за употреба наредната година. Овој гел е создаден на база на тестостерон и „докажано го зголемува либидото и сексуалното задоволство“, велат научниците кои работат на гелот кој ќе усреќи многу жени низ светот.
Гелот е специјално дизајниран за да помогне во зголемувањето на сексуалната желба кај жените во менопауза или кај оние кои страдаат од пореметување во сексуалното либидо и фригидност. Се очекува дека овој производ ќе биде навистина популарен, затоа што дури 40% од жените признаваат дека имаат проблеми со сексуалната желба.
Во моментот производот е во фаза на тестирање. Да се надеваме дека нема да покаже негативни ефекти и дека наскоро ќе биде достапен во аптеките, на радост на жените, но и на нивните партнери!