Руското архитетско студио Remistudio одлучи во борбата против глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на океаните да понуди свое решение. Тие го претставија концептот на голем масивен хотел, кој може да издржи дури и поплава. Станува збор за градбата наречена Арк, чија структура и овозможува да пловина на површината на водата и да биде самоиздржлива.
Таа е дизајнирана да стане биоклиматска куќа со независен состав за одржување на живот во неа. Концептот Арка, кој е дизајниран од ова студио, направен е во склоп на програмата „Архитектура за катастрофи“, може да биде изграден во било која клима или сеизмичка област, бидејќи нејзините темели се во облик на школка, заоблени и без рабови. Во случај на земјотрес целиот состав на градбата дозволува соодветна распределба на тежината преку структурата. Паметниот дизајн на зграадата овозможува оптимален однос на обемот и надворешната површина, со што се аштедува на материјал и енергетска ефикасност.
Погледнете ја фотогалеријата од овој неверојатен концепт!