Според последните истражувања, луѓето кои стануваат рано се послаби, посреќни и поздрави од оние кои спијат до подоцна. Во најлоша сосотјба се „ноќните птици“, кои остануваат будни до раните утрински часови, што зема голем данок на нивното здравје и нивната среќа.
Истражувачите од универзитетот Рохамптон извршија испитување на навиките за спиење на околу 1100 мажи и жени. Анализите покажаа дека оние личности кои стануваат рано покажуваат најмали знаци на депресија и потешкотии.
Ранобудниците се повеќе склони кон појадување, што се смета за основно правило при одржување на витка линија.
„Во некои професии постојат предности доколку сте личност која функционира навечер, но статистички гледано, ранобуниците имаат значително подобар и поквалитетен живот“, објаснува доктор Хорхе Хубер.
Причината зошто станувањето рано влијае на психичката состојба на луѓето сеуште не е позната, но се претпоставува дека луѓето кои си легнуваат дона имаат неквалитетен сон и го пореметуваат природниот метаболизам на човечкото тело.