Според информациите на “Марка”, селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Висенте дел Боске размислува повторно да го повика Раул во националниот тим.
Одличниот 33-годишен напаѓач кој ја живее својата втора младост во германски Шалке, тим со кој стигна до полуфиналето во Лигата на Шампионите, последниот меч за “фуријата” го одигра уште 2006. година, така да учествуваше во најголемите успеси на репрезентацијата, освојување на европската титула 2008. и светската минатата година. Но, и понатаму со 44 погодоци на 102 меча е втор стрелец во историјата на националниот тим.
Раул минатото лето го напушти Реал Мадрид, каде ја мина целата кариера и се пресели во Шалке, каде пак многу добро се снајде. Во Бундес лигата постигна 12 погодоци, во Лигата на Шампионите пет, а во германскиот Куп еден.
Таквата статистика, пишува “Марка”, го натерала Дел Боске сериозно да почне да размислува за обид да го врати Раул по националното знаме, а освен добрата форма на легендарниот фудбалер, причина е и слабата форма на Фернандо Торес и Фернандо Љоренте во последните недели.
Извор: Нетпрес