На снимката се работи за НЛО снимени во Стивениџ во Хертфордшајр, Велика Британија, на 7 октомври 2011 околу 10:30 часот по локално време.
Настанот го снимил очевидец кој користел Yukon опрема за ноќно снимање. “Ги гледав овие објекти околу 20-тина секунди, но за жал овие снимки траат само 9 секунди поради недостаток на батерија. Беше ноќ со чисто ѕвездено небо, на 7 октомври, 2011 година во Стивениџ, Хертфодшајр во Велика Британија. Времето на снимката е погрешно, всушност беше снимано околу 10:30 навечер. Објектите патуваа во северо-западен правец, ова не може да се види со голо око. Го имав мојот Yukon Ranger приклучен на 15 инчен монитор, па така имав чист и јасен поглед на овие разиграни НЛО. Леталата мора да биле многу високо во небото. Некој ми сугерираше дека објектите би можеле да бидат балони. Дали е тоа можно, изјавило момчето кое успеало да ги сними овие разиграни летала.
Дали станува збор за балони или НЛО можете да погледнете и процените од дадената снимка.