Рекордни поплави во САД: Илјадници куќи под вода

popara28 јуни, 20111min00
flood-antigo-2004b
Жителите на северна Америка бегаат пред надојдената река Сурис. Под вода се илјадници куќи, а рекордните поплави пустошат во САД веќе три месеци.
Реката Сурис конечно престана да се излева. Водениот бран во градот Минот во Северна Дакота за 1,5 не го надмина рекордот поставен пред 130 години. Нивото на водата е скоро четири метри повисоко од коритото на реката. Евакуирана е една третина од градот, односно околу 40.000 жители, а илјадници куќи се под вода.
“Се вратив по една година на воена служба во Авганистан. Тука ситуацијата ми е полоша отколку престојот во Авганистан, заради тоа што тука немам никаква контрола“, рекол Шон Фултон, жител на Бурлингтон.
Сеуште не се знае кога граѓаните ќе можат да се вратат во своите домови.
“Најмрачните прогнози, за среќа не се остварија. Се очекуваше уште половина метар повисок воден бран. За многумина тоа е мала утеха. Водата од поплавените домови нема да се повлече за неколку недели“, изјавила  Венди Фултон, жителка на Бурлингтон.
На жителите им се порачува да не се враќаат во евакуираните зони. Итните служби предупредуваат дека најлошото се уште не е завршено.
“Мораме да ја извлечеме водата што побрзо, за да можеме да почнеме со чистење. Не смее уште долго да остане вака. Ќе направиме се што можеме“, рекол Курт Ласман од јавната служба.
И додека во Минот веќе почнува проценката на штетата, остатокот од Северна Дакота се подготвува за врвот на водениот бран од реката Сурис.
Продолжуваат и поплавите долж текот на Мисури. Браните во истоимената сојузна држава попуштиле. САД во изминативе три месеци се соочуваат со рекордни поплави, предизвикани од обилните врнежи од дожд и топењето на снегот.
Во полавите во САД загинале најмалку 20 луѓе, а штетите се проценуваат на неколку милијарди долари.
Извор: Нетпресс

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag