Европската централна банка лансираше игра за iPhone и iPad со која можете да превземете контрола над монетарната унија и да се соочите со економската криза.
Европската централна банка (ECB) е монетарната власт на европската монетарна унија. Соочена со кризата во Грција, која се прошири и на Италија, и ги загрози Шпанија, Ирска и самиот опстанок на ЕУ, на Централната банка и треба целата помош за во овие турбулентни времиња да донесе мудри одлуки со кои ќе го спаси еврото, работните места и воопшто досегашниот начин на живот.
Поради тоа ја повика јавноста да се вклучи во донесувањето на клучните одлуки, иако тоа го направи на многу поедноставен начин. Но, целта на играте е и да се објасни како функционира монетарната политика во ЕУ.
Европската централна банка моментално се бори за да го спаси еврото, а во играта играчите поставуваат каматни стопки за инфлацијата да одржат на низок или постабилен раст. Исто како и во реалниот свет, за секоја одлука која ќе ја донесете ќе треба да пројде одредено време пред да ги почувствувате нејзините последици.
Играта се вика €conomia, а првото „е” во зборот е заменето со симболот на еврото. На Apple App Store играте е достапна од октомври 2011, точно пред моментот кога кризата во еврозоната почна да се продлабочува. Не е познато колку чинел нејзиниот развој. Играта е бесплатна.