Ретро фризури за модерни времиња:)

popara10 октомври, 20111min00
0

Модна недела во Милано донесе некои нови машки трендови во делот на стилот и шишањето на косата. Добро познатите модни куќи ги претставиле најновите модни и beauty трендови. Како еден од главните трендови за оваа есен бил претставен ретро стилот . Rockabilly, стилот на студентите на Оксфорд или пак на музички групи од почетокот на седумдесеттите години.

Угледниот, D & G

Фризурата не треба да биде премногу залижана назад, и косата да не биде премногу прилепена на главата. Косата треба да биде малку подолга за да можете да нанесете пена за волумен и да се исправи доколку е потребно. Кога ќе направите патец, косата исушете ја со фен и дополнително нагласите одредени делови на косата со восок.

Rockabilly Chanel

Апокалиптичната есенска колекција на куќата Шанел ги врати во мода Rockabilly машките фризури. Наместо класичните фризури кои ги носел Елвис Присли, направете модерна верзија. Коса ќе ја залижете со користење на восок или гел за сјај, а горниот дел на косата ќе го подигнете со помош на чешел за тапирање. За оваа фризура косата мора да биде долга десет сантиметри, инаку нема да ви успее.

Gucci во стилот на седумдесеттите години

Рокерскиот стил од седумдесеттите години отсекогаш бил привлечен за машкиот пол, што ни малку не чуди со оглед на големата популарност кој го имар рокот и ден денес. Земете го примерот на Брајан Џонс, првиот пејач на легендарните Ролинг Стоунс. Полу-долга коса која ќе ја исправите со пена и повлечете длабок патец од страна и подготвени сте за освојување на женски срца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag