Прозирно, прозирно и само прозирно. На новата ревија за колекцијата на Џон Галијано за пролет 2012, немаше премногу фантазија во моделите.
Колекцијата од веќе познати причини не ја дизајнираше Џон Галијано, туку Бил Гајтен, неговата долгогодишна десна рака.
Колекцијата која беше претставена на Париската модна недела беше преполна со прозирни материјали. Многу малку се виде од познатата женска драма на која бевме навикнати од контроверзниот дизајнер.