Ријана го свртела вниманието на јавноста со настапот на балот Jingle Bell во Лондон, употребувајќи повторно еден нејзин стар трик. Ријана на крајот на првиот ден од веселиот концерт се појавила со својата нова фризура која наликувала на перика.
Пејачката извела цел сет хитови во О2 Арената, марширајќи по сцената едвај облечена. Таа успејала да остане на нозе и покрај тоа што се клатела со нејзините мошне високи црни чизми. Ријана исто така носела екстра тенки црни шорцеви со мрежасти чорапи и пепито здолниште што и висело од појасот.