Рири во последно време толку претерува со алкохолот што нејзините пријатели се навистина загрижени.
Кети Пери е многу загрижена за својата пријателка Ријана зошто оваа не престанува со пијанчењето, а често во тие моменти и се јавува на Кети и и се жали дека е осамена и сака некој да ја сака, пишуваат медиумите.
Ријана наводно го нема преболено Крис Браун со кого ја прекина врската на многу грд начин и со голем скандал.
Пријателката Кети и нејзиниот сопруг Расел Бренд пробуваат да и објаснат дека е на лош пат, а наводно и самата таа е свесна за тоа. Особено беа загрижени кога неодамна Ријана завршила во болница.
Пријателите се загрижени и сметаат дека мора да престане да пие алкохол зошто не сакаат да тргне по стапките на Ејми Вајнхаус.