Сексапилната пејачка Ријана официјално потврди дека нејзиниот нов, шести студиски албум ќе биде објавен во текот на оваа есен.
Откако кажа дека новиот албум ќе биде готов многу наскоро, Ријана доби милиони молби од своите фанови на Твитер да каже кога поточно.
– На есен! – бил одговорот. Тоа значи дека овој албум излегува за помалку од една година по последниот албум наречен „Loud“ кој беше продаден во повеќемилионски тираж.
На прашањето на еден обожавател дали планира да направи пауза, атрактивната пејачка која моментално е на светска турнеја одговори:
– Да, кога ќе се изморам!