Родителите чие десет месечно бебе умрело од хеухранетост во болница во Љубљана, им се поднесени кривични пријави за занемарување и суров третман врз своето дете. Во случај да бидат осудени им се заканува казна од три години затвор.
Веста за кривичните пријави биле покренати по завршувањето на истрагата, потврдила портпаролката на полицијата во Ново Место.
Само откако десетмесечното бебе било донесено во болница во љубљана, лекарите потврдиле дека е неухрането и дека тежи само 3600 грама, скоро како новороденче. Бебто починало од сепса и пневмонија. Се претпоставува дека компликациите и причините за смртта се ослабениот имунолошки систем. Родителите на детото биле вегани, а наводно овој начин на исхрана го практикувале и кај своето бебе, па дури и на останатите пет деца. Таквиот начин на исхрана ги отфрла сите производи од животинско потекло и млечни производи.