Ролнички со телешко, пршута и смокви

popara2 ноември, 20111min00
receptt

Потребни состојки

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 200 гр. телешки шницли
  • 8 ленти пршута
  • 150 мл. сос од домати
  • 1 лажичка оригано
  • 1 модар патлиџан
  • 2 суви смокви
  • 1 лажичка копар
  • 1 лажичка оригано
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Од лиснатото тесто растегнете четири кори. Телешките шницли испржете ги во тава на оган. Откако ќе се испржат исецкајте ги на коцки и рамномерно распоредете ги врз четирите кори.

Врз секоја кора ставете две ленти пршута, па едно тенко парче модар патлиџан и половина ситно сецкана сува смоква. Свиткајте ја кората во ролат и прицвртете ја ролничката со чепкалка.

Во тава за печење, која претходно сте ја премачкале со маргарин, наредете ги четирите ролнички. Печете на температура од 200 степени 10тина минути, па извадете ги ролничките кога ќе порумени тестото.

Во тава на оган додадете го сосот од домати, ориганото и копарот. Наросете сол и црн пипер и гответе на умерен оган 10-тина минути.

На чинија за сервирање ставете ги ролничките, а помеѓу нив украсете со смокви наредени на стапчиња. Секоја ролничка полијте ја со сосот од домати и зачини и украсете со гранчиња нане или босилек. Добар апетит!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag