Роман Полански се кае затоа што силувал тринаесетгодишно девојче! Е за тоа нема „извини“!!!

popara5 октомври, 20111min00
polanski

Познатиот режисер Роман Полански за прв пат јавно изјави дека му е жал што имал сексуален однос со тринаесет годишното девојче Саманта Гејмер.

„Веќе 33 години жалам заради тоа. Таа е двојна жртва – и моја и на медиумите“, изјавил оскаровецот во првото интервју откако излезе од куќен притвор.

Полански во 1977 пред американскиот суд призна дека имал сексуален однос со тога 13 годишната Саманта Гејмер. Тој побегна од САД непосредно пред да му биде изречена казна, а беше уапсен дури во 2009 година во Швајцарија, каде беше задржан во куќен притвор.

Полански ја силувал 13 годишната Саманта во 1977 година, кога тој имал 43 години. Според изјавите на Саманта, режисерот ја намамил во неговиот дом под изговор дека сака да и направи професионална фотосесија, и дал да пие алкохол, ја издрогирал и ја силувал.

Правдата, кога тогаш, ќе биде извршена, бидејќи Полански ќе биде екстрадиран во САД каде ќе му биде судено за секс со малолетно лице и силување.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag