Нахал Шаби (28) и нејзиниот дечко Бехнам Ганџи (22), деновиве станале познати како „иранските Ромео и Јулија“, бидејќи двајцата се убиле поради љубов за време од четри недели.
Бехнам кој бил студент по физика, бил уапсен поради спротиставување на режимот, заедно со Нахал, па заедно биле однесени во затворот Евин. Дечкото излегол од затвор како сосема друг човек, а по само четри недели се отрул. Нахал, која ја задржале подолго во затвор, долго време не слушнала за своето момче. Дури кога била ослободена дознала дека тој се убил.
Девојката тогаш посегнала по смртоносна доза на апчиња, а оставила порака во која пишувало: „Уште еден четврток. Ајде Бехнам да танцуваме повторно заедно!“