Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Роналдињо, по пауза од 9 месеци повторно заигра за бразилската репрезентација со која во 2002 го освои Светското првенство. Бразил победи со 1-0 на пријателскиот натпревар со Гана кој се играше на Кревен Котиџ во Лондон. Голот го постигна Дамиао во 45 минута.
Роналдињо го одигра целиот натпревар и повторно, како некогаш, го облече дресот со број 10. Тој одигра солиден натпревар, и во последните 20 минути на натпреварот играше заедно со Нејмар, Хулк и Пато во напаѓачката линија. Тренерот Менез пред натпреварот изјави, „Роналдињо е светски шампион и по враќањето во татковината тој повторнo игра многу добро. Тој е еден од најдобрите фудбалери оваа сезона во бразилското првенство”.