Кристијано Роналдо случајно испратил голи фотографии од обожавателка на својата девојка Ирина Шајк и на блиски пријатели и членови на семејството. Познатиот фудбалер добил пет експлицитни фотографии од преубава обожавателка од Холандија, која покрај тоа му испраќала и пораки со секси содржина. Роналдо случајно го испратил тој мејл до сите контакти во неговиот адресар, вклучувајќи ја и неговата девојка и блиски членови од семејството. На некои фотографии девојката наводно позирала во тесна маица каде се гледале нејзините преубави облини и на маицата пишувало: “Премногу “жешка” за тебе.” На мејловите пишувала како сака да биде со него и дека му се восхитува.
Роналдо оттогаш е преплавен со повици и пораки од најблиските, кои се збунети од овој мејл. “Сите го бараат да го прашаат во врска со мејлот. Се разбира, секој сака да дознае нешто повеќе за девојката од фотографиите. Тој објаснил дека станува збор за негова обожавателка која му ги испратила овие фотки, и дека наместо да притисне delete, тој притиснал forward. Тој бил многу засрамен од сето тоа, а најмногу му е жал што мејлот го препратил до Ирина, но таа се уште не го прашала во врска со тоа”, изјавил близок пријател на познатиот фудбалер.