Најдобриот голгетер во историјата на светските првенства тврди дека сексот пред натпревар не влијае негативно на играта на фудбалерот. Роналдо верува дека мастурбацијата замара повеќе. “Никој не може да докаже дека сексот влијае на ефикасноста на теренот. Сепак, мастурбацијата повеќе замара”, изјавил Роналдо.
Освен за сексот пред натпревар, Роналдо, во интервјуто за Sport зборувал за своето искуства во Копа Америка во 1997 година, кога со Ромарио без дозвола избегале од хотелска соба. “На Копа Америка 1997 година, Ромарио ме убеди да побегнеме заедно од хотелот. Морав да прескокнам ѕид, имавме подготвени скали и резервирано такси кое ќе не одведе на закажаното место. Се беше многу комплицирано, но не можам да ви откријам повеќе детали”, низ смеа изјавил поранешниот напаѓач на Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан.