Еден добар дел од руската нација е стотици години поназад од научните истражувања, покажа една студија. Центарот за истражување на јавното мислење (VCIOM) спроведе едно истражување на денот на науките, на 8 Февруари.
VCIOM рече дека една третина од граѓаните на Русија се убедени дека сонцето се врти околу Земјата, и да напоменеме, дека бројот на овие луѓе расте од година во година.
Околу една четвртина од Русите (26%) сметаат дека ласерот произведува фокусирачки звучни бранови, а 18% негираат дека електроните се помали од атомите.
Истражувањето покажа дека жените се повеќе склони кон “научни” заблуди, имено дека се помалку образовани. Така, 58% од жените се убедени дека радиоактивноста e последица на човечките активности, а истото го мислат 51% од мажите.
Во способноста на антибиотиците, да убиваат бактерии и вируси, веруваат 48 % жени и 43 % од мажите, а идејата дека сонцето се врти околу Земјата, 34% од жените и 29% од мажите.