САД: Најголемиот граничен премин се срушил, 11 лица биле повредени

popara15 септември, 20111min00
0

Потпорните скали на граничниот премин Сан Исидро, помеѓу Мексико и САД се урнале во средата околу 11 часот по локално време. Гредите паднале врз 15 -тина автомобили и повредиле 11 патници и градежни работници, јавува AP. Еден градежен работник бил потешко повреден, и останатите се со полесни повреди. Три лица биле заглавени во своите автомобили каде морало да интервенираат пожарникари за нивно ослободување.
Материјалот кој паднал на патот затворил осум сообраќајни ленти. Сообраќајот бил нормализиран дури во четвртокот наутро.

Најголемиот граничен премин кој го поврзува Тихуана и Сан Диего од февруари се обновува со цел да се зголеми капацитетот на транзиција. Се уште не е познато зошто заштитното скеле, кое ги штити автомобилите од градежните изведби, паднало. Истрагата за несреќата се уште е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma