Американскиот Апелационен суд во петокот утврдил дека студент од Бостон треба да плати 675.000 долари казна, бидејќи незаконски преку интернет разменувал 30 песни.
Пред две години поротата во Бостон пресудила во корист на Здружението на американската музичка индустрија (Recording Industry Association of America – RIAA), која претставува четири компании во тужбата против студентот Џоел Тененбаум и одредила парична казна од 675.000 долари поради шерување на 30 песни преку интернет.
Судијата подоцна ја намалил казната на 67.500 долари, тврдејќи дека казната е “прекумерна”.
Во својата жалба, Тененбаум побарал да се укине казната, но Апелациониот суд во петокот повторно ја вратил првобитната казна која мора да ја плати студентот.