Сиријската телевизија Арај во вторникот вечер прикажала снимка на која се гледа како Саиф ал-Ислам, син на либискиот лидер Моамер Гадафи, собира доброволци за да ја продолжи борбата против новата влада во Триполи.
“Ова е земјата на вашите предци. Не ја давајте на другите. Браќа, денес треба со сила да влезете во Триполи,” им се обратил Саиф на групата доброволци кои биле собрани на непозната локација, известува Вести.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=AdRMRhGtiYg
Саиф ал Ислам не е виден во јавноста уште од август, кога бунтовниците ја презеле контролата над Триполи. Синот на Гадафи е снимен со автоматска пушка и бил облечен во воена униформа.
Меѓународниот кривичен суд го обвинил Саиф ал Ислам за злосторства против човештвото. Бунтовниците на 23 август изјавиле дека тој бил уапсен, но веста набргу била демантирана.
“Сега ќе си одам, но ќе ви испратам оружје”, изјавил Саиф на насобраните доброволци.
Насобраните луѓе потоа извикале: “Бог, Муамер и праведна Либија.”