Цела Европа е “луда” за чоколадо во есен, бидејќи тогаш низ целиот континент се организираат голем број на саеми посветени на чоколадото. Меѓутоа, чоколадниот туризам стана глобална работа. Еве ги најдобрите 10 авантури за љубителите на чоколадото ширум светот.
1. Направите сами чоколадо во плантажа за какао во Санкт Луција
Британските производители на чоколади Hotel Chocolat, отвориле хотел на островот Св. Луција. Кога не се сочаат, пливаат или одмараат со своите соби, гостите можат да посветат внимание и да им помогнат на работниците во поле, за да стеканат искуство како “од дрво до чоколадна табла”. Цената на собата се движи од 450 долари.
2. Посетете уметници на чоколади во Чоколадната Долина во Тоскана
Тоскана е можеби позната по вината и живописните градови во ридови, но Чоколадната Долина која тука се наоѓа се повеќе го привлекува вниманието на туристите. Оваа област позната е по производителите на највкусното чоколадо, а тука се наоѓаат и фабриките на фирмите Де Бонд и Амадеи – кои многумона ги сметаат за најгурмански члжоколади. Четири дневното патување, тука чини 1.792 долари.
3. Прејадете се во чоколадниот бар во САД
Во Бостон, љубителите на чоколадо секоја сабота го посетуваат хотелот Ленгам во стариот центар на градот за да се прејадат во чоколадниот бар во форма на светски стол. Во цена од 40 долари по човек (28 за деца до 12 години), вклучен е познатиот пудинг со чоколаден кроасан, со вообичаени пити, тартуфи, чоко скулптур и сл.
4. Чоко прошетка во Блегија
Оваа земја стана синоним за добро чоколадо, а нејзиниот најживописен град, Бриџ, потполно “полудува” од прекумерниот шеќер во месецот “ Чоколадо во Бриџ” кој почнува на 6 ноември. Можете да направите чоко прошетка (Choc around the clock), да го посетите музејот посветен на колачињаи да направите сопствен избор од оригиналните Чоко менија кои се служат во 14 различни ресторани.
Најдобар е фестивалот на чоколадо и млеко (Choco Laté Festival) кој трае од 13 до 8 ноември, во кој учествуваат повеќе од триесет продавници за чоколади.
5. Масажа со чоколадо во Мексико
Бидејќи, Маите го измислиле чоколадото и први почнале да му се восхитуваат, нормално дека мислеле дека оваа слаткасупстанца може да ја нанесуваат и на телото. Во комплексот Tides Riviera Maya, во полуотворена соба која се наоѓа во џинглата, се изведува ритуал Xocolate. Лушпите од какао ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, а потоа целотот тело се маира со топол какао путер – целиот ритуал започнува со шамански благослов. Собите во хотелот чинат од 585 долари, а ритуалот Xocolate чини 220 долари.
6. Чоко професионалец во Франција
Само вдишете го воздухот во Tain l’Hermitage, седиштето на чокладната компанија Valrhona – во кој работат најдобрите готвачи во светот – е искуство, само по себе доволно. Но, не морате да бидете профи готвач за да посетите еднодневен или дводневен курс во нивното училиште за специјалитети од чоколадо. Најблискиот аеродром во ова место е во Лион – град преполн со специјалитети и чоко продавници – но училиштето има претставништва и во Париз и Токио. Цената на дводневниот курс е 385 долари.
7. Уживајте во чоколадната фонтана во соба во Англија
Во хотелот Chocolate Boutique на јужниот брен во Англија (во Дорсет) може да се нарача да ви донесат чоколадна фонтана со јагоди во соба, а во понудата вклучени и часови за подготвување на чоколадна пралина. Целиот хотел е направен во чоколадни бои , на мениот се наоѓаат коктели од чоколадо, а за доручек можете да добиете чоколадни палачинки и најдоброто чоколадо кое некогаш ќе го пробате. Цената на двокреветна соба е од 165 долари, а курсот за изработување на чоколадо чини од 74 долари нагоре!
8. Поврзување вино и чоколади во Австралија
Винаријата Hahndorf Hill, е позната по “спарување” најдобрите чоколада и вино. Нивната понуда -Чоко Вино искуство се наоѓа на листата на првите 10 најдобри туристичко- гастрономски патувања во Јужна Австралија. Цената за дегустација е 10 долари за чоколадо, односно 20 долари за чоколадо и вино.
9. Замотајте се во чоколадо во Австрија
Ценетиот хотел Sacher во Виена, покрај познатата захер торта, на своите гости им нуди и единствено спа искуство – чоколадна симфонија – која за жал, не е за јадење. Два часа третман кој се состои од ексфолијација на телото екстракт од зрна какао, ставајќи дебела маска на богата со чоколадо и професионална масажа наречена “слатка чоколада за нега на тело”. Цената за соба во хотелот е од 508 долари, а чоколадната симфонија чини 250 долари.
10. Чоколаден парк од соништата
Минатат година беше во Пекинг, оваа година во декември Шангај ја има честа да биде домакин на Чоколадниот парк од соништата, најисчекуванит зимски настан во Кина. Се очекува да има скоро половина милион посетители во земјата на чоколадото, преполна со интересни дела на вкусно јадење. Меѓу нов ќе бидат и најпознатите градни во Шангај – сите изработени од чоколадо. Паркот ќе биде поставен во Хималајскиот центар од 16 декември до 19 февруари 2011.