Сакате да ослабнете? Не зборувајте за тоа!!!

popara1 декември, 20111min00
oslabete

Имате проблем со вишокот на килограми и сакате да ослабнете? Експертите советуваат повеќе да дејствувате, а помалку да зборувате. Истражувањата покажаа дека оние луѓе кои постојано зборуваат за диетата и режимот на исхана кој го следат имаат значително помали шанси да ослабнат отколку оние кои молчаливо го следат својот план за слабеење.

Истражувачите објаснуваат дека тоа пред се се должи на позитивните реакциите на вашето опружување, кои доколку знаат дека сте на диета, ќе почнат да ви делат комплимети дека сте ослабнале, што може да влијае на вашето размислување и начинот на кој се гледате, односно можеби ќе „видите“ резултати кои реално се многу помали од вашата перцепција.

Професор по психологија д-р Петар Голвицер, кој го предводел истражувањето на универзитетот во Њујорк, објаснува дека опасноста е во фактот дека луѓето ќе се чувствуваат како веќе да ја постигнале целта, па ќе престанат да ги следат правилата на диетата.

Голвицер советува дека најдобар начин да постигнете резултати е молчаливо да го следите предвидениот план за слабеење и да оставите луѓето сами да ја забележат разликата, бидејќи така ќе имате реален увид на резултатите, а и вашата сатисфакција ќе биде многу поголема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag