Познатиот режисер Емир Кустурица конечно проговори за незгодното интервју кое го даде за една хрватска телевизија пред две години. Во „срамното“ интервју, новинарот го обвинува Кустурица дека пиел виски заедно со поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ за време на опсадата над Сараево.
Кустурица негираше дека го исфрлил новинарот, иако тој константно го провоцирал со прашања за Милошевиќ, кого го нарекувал Хитлер. „Точно е дека го прекинав интервјуто, но не го исфрлив новинарот. Сега ме претставуваат како Ѓаволот, па дојдете да се запознаете со него“, вели познатиот режисер.
Тој исто така негира дека пиел виски заедно Милошевиќ за време на опсадата над Сараево. „Јас бев во Кан во тоа време, а впрочем, јас никогаш не пијам виски, туку вотка“ – се брани Кустурица.
И по толку години, Балканот повторно се навраќа на старите проблеми, а често во некакви скандали се вмешани и светски познати ѕвезди. До кога така???