Сам свој хирург

popara27 јули, 20111min00
A medical team performing an operation

Еден маж во Јужна Калифорнија си забил нож за путер во стомакот во неуспешен обид сам да се оперира од кила, соопштиле локалните медиуми.

Сопругата која има 63 години од Глендејл, викнала брза помош во неделата навечер и им рекла на дежурните дека нејзиниот сопруг се обидува сам да си ја отстрани болната кила.

Полицијата го затекнала мажот како седи гол на тремот, а од стомакот му се гледал ножот долг 15 сантиметри.

Сопругата објаснила дека нејзиниот маж бил вознемирен од страшните болки и затоа сакал што побргу да си ја отстрани килата.

Службениците кои интервенирале, изјавиле дека мажот ниту врескал, ниту покажувал знаци на болка, а на крај завршил на три дневно испитување во психијатарска болница во Лос Анџелес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag