Британецот Симон Дајл користејќи само длето, моторна пила и чекан изградил куќа на една падина во Велс. За изградбата на оваа куќа Дејл има потрошено само 3,500 долари, му биле потребни 4 месеци да ја изгради. Британецот долго време имал проблеми со кредити, нивното исплаќање и каматите, па решил да ги превеземе работите во свои раце.
Додека тој ја градел куќата неговото семејство живеело во блиското село.„ Да бидеш архитект не нешто свое е многу забавно и овозможува да создаваш нешто и да уживаш во истото„ изјавува Симон.
Сопственикот на шумата во која Симон ја гради својата куќа бил воодушевен од идејата на негово место да се гради куќа во која би живеел некој кој би се грижел за природните ресурси на шумата, и бесплатно му го отстапил местото за градба.