Samsung поднесе тужби за да се сопре продажбата на најновиот Iphone 4S

popara8 октомври, 20111min00
New Apple CEO Tim Cook Introduces iPhone 4s

Samsung на судовите во Париз и Милано во брзо време ќе им предаде барање во кое ќе се бара забрана за продавање на Iphone 4S во Франција и Италија. Во изјавите за медиумите потврдени се подигањата на тужбите, велат од Блумберг.

Компанијата од Јужна Kореа забраната ја бара повикувајќи се на кршењето на две точки од законот за авторски права на патентираната технологија – wireless (безжични) комуникациja. Поднесувањето на тужбите е продолжение на спорот помеѓи Apple и Samsung, кој започна во април оваа година.  Тогаш Apple go нападна Samsung, и го тужеше тврдејќи дека нивната Galaxy линија е копија на Ipod-от и IPhone-от.

Портпаролот на Apple не сакаше да ја коментира најавената тужба, за која аналитичарите сметаат дека е јасно дека се работи за војна за пазарот кој моментално изнесува  207 милијарди долари на годишно ниво, а од кој Apple зима огромен дел од повеќето паметни телефони на светот, кој го сочинуваат Iphone-овите.

Откако се започнати судските процеси во Париз и Милано, Samsung планира да поднесе тужби и во други држави. „ Apple упорно ги руши нашите права на инелектуално сопствеништво и краде наша технологија. Samsung верува дека заради тоа  IPhone 4Ѕ треба да биде забранет за продажба“, тврдат од Samsung.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag