Сателит од 6 тони паѓа на Земјата

popara10 септември, 20111min00
10 satelit paga na zemjata

Американската вселенска агенција НАСА соопштила дека еден од нејзините сателити кој повеќе не е во функција, наскоро ќе падне на земјата.

НАСА истакнала дека повеќе од 50 години колку и траат вселенските истражувања, не се случило вселенскиот отпад да повреди некого, иако не знаела да каже кога или каде истиот ќе падне. Меѓутоа се претпоставува дека кон крајот на септември или почетокот на октомври оваа година, 6 тони тешкиот отпад ќе падне јужно од главниот град на Аљаска, Џуно и северно од врвот на Јужна Америка.

Според НАСА шансите некој да биде погоден од делови од сателитот се еден спрема 3.200. Сателитот кој е тежок 6 тони е употребуван за следење на атмосферски движења. Најголемиот дел од него ќе согори за време на падот, а околу 544 килограми железо ќе паднат на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag