Сателитот паѓа денес. Чувајте главите, се уште не се знае каде ќе падне!

popara23 септември, 20111min00
6166295967_e55a4bf239_z

Шест тони тежок сателит денес попладне би требало да падне на земјата. Научниците се уште не можат да го пресметаат точното време на паѓање, а уште помалку каде точно ќе падне. Сепак, американската вселенска агенција NASA предвидува дека сателитот нема да падне на територијата на Северна Америка.

– Иако е исклучена можноста дека ќе падне на територијата на САД, се уште е премногу рано да се прејудицира времето и местото на падот на сателитот. Повеќе информации, ќе имаме во текот на денот, изјавиле од NASA.

Според предвидената маршута на сателитот UARS, можна цел е јужниот дел на Европа, поточно Шпанија и Северна Африка.  Сепак, ништо не може да се предвиди бидејќи сателитот во последен момент може да ја промени маршутата за цели 15.000 километри, затоа никој не е безбеден.

Според компјутерски симулации, сателитот кога ќе влезе во атмосферата ќе се распадне на околу 150 делови, а 12 од нив сигурно ќе паднат на земјата, пренесува NASA.

– Ризикот дека некој ќе биде повреден е минимален, деловите се толку безопасни што не можат да оштетат ни кров од автомобил -изјавиле експертите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag