Се „потепаа“ Амишите! Си ги бричеле брадите и косите :) И тие полудеа :)

popara8 октомври, 20111min00
1184997

Колумбус – Полицијата во американската сојузна држава Охајо истражува тепачка во  заедницата на Амишите, во која уцествувале десетина мажи и жени, и на крајот заврши со шишање на брадите и косите на некои членови на оваа заедница.
Полицијата соопшти дека мотивот за тепачката биле “духовни разлики”, но напредокот на истрагата се отежнува поради одбивање на Амишите да соработуваат со полицијата, пренесува Би-Би-Си (BBC). Амишите се многу мирна заедница, со христијански учења, кои ги прекинаа сите достигнувања на модерната цивилизација, вклучувајќи електрична енергија, телевизија, автомобили, телефони и други уреди. Полицијата е збунета, бидејќи во последните три недели во четири области дошло до тепачка меѓу Амишите, а неколку  се полесно повредени.
Конфликтит се случиле во местата Керол, Холмс,Џеферсон и во областа Трамбул. Сите овие места се познати по нивните големи Амишки заедници.
Една 57-годишна жена од областа Трамбул и рекла на полицијата дека нејзиниот син и зет  сосила ја избрициле брадаа и ишишале косата на нејзиниот сопруг. Жената тврди дека синот и зетот станале дел од некој култ.
Имотот на кој се случил последниот инцидент го делат 18 Амишки семејства кои се во крвно сродство. Полицијата соопшти дека некои од осомничените од  претходно се познати на полицијата поради закани и сексуални контакти со малолетници. За сега не е поднесена никаква пријава. “Гледаме дека кривично дело се случило, и јас сум овде со врзани раце. Јас не можам ништо да сторам”, изјави локалниот шериф Фред Абдала бидејќи Амишите одбиваат да соработуваат.

httpv://www.youtube.com/watch?v=PAgSCTdnrhk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag