Пози според карактерот

popara27 ноември, 20111min00
1

(Сексуалната положба го открива неговиот карактер)

Карактерот на мажот може да се открие според неговата омилена положба во кревет. Не таа за спиење, туку омилената положба за секс! Ова може да значи дека не треба да чекате да го запознаете подобро за сместа, од прва да му дадете. Исто така, ако не им верувате на експертите за говор на тело кои го вршеле ова истражување, ќе мора  да ги менувате партнерите за да проверите колку е тоа точно.

Мисионерска положба

Колку конзервативно да изгледа оваа положба, и колку и да сметаат дека само мачо типовите, оние доминантните ја сакаат, ако вашиот партнер се чувствува најсрекно кога е над вас, вие сте права вистинска срекничка! Овие мажи во ништо не се половични, се посветуваат максимално на серизна врска, нежни се и најмногу од се сака стабилност. Уште еднаш: вие сте добиле бинго во кревет!

Положба „лажица“

Мажите кои ја сакаат оваа положба многу добро знаат што сакате. Знае дека го сакате, но со оваа положба сака да ја потврди блискоста и интимноста. Тие се многу емотивни душички.

Кучешка положба

Само самоуверените сакаат „од позади“, а тоа може само да е знак дека ќе ви пружи часови исполнети со извонреден секс. Арно ама, надвор од кревет и не е така сигурен во себе, тој е повеќе од резервиран тип. Затоа, уживајте со него додека сте в кревет и не си го трошете тоа време за анализа на карактерот затоа што и онака, како врска, нема да трае долго.

Вие одозгора

Дури 53% од мажите ја сакаат оваа положба. Но не само затоа што сакаат кога вие превземате акција, туку затоа што сакаат да ја гледаат партнерката во лице, да читаат што таа чувствува додека води со него и се труди според тоа да реагира. Затоа – не глумете ако сакате да почувствувате задоволство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag