Се обидел да ограби непостоечка банка! :)

popara4 декември, 20111min00
p

Еден крадец од Германија сакал да ограби банка, тој дури земал и заложници, но набрзо сфатил дека на местото каде требало да има банка имало само банкомат.

Полицијата брзо реагирала и крадецот веднаш бил уапсен. Според извештаите на германската полиција, станувало збор за 57 годишен маж кој и порано бил осудуван, дури 22 пати.

Крадецот подоцна признал дека сакал да украде само 10.000 евра кои му биле потребни да ги врати долговите.

Крадецот носел маска, а земал како заложник една жена која случајно поминувала пред објектот, каде порано имало банка, но била одамна затворена.

„Откако крадецот со заложникот влегол внатре, сфатил дека на местото каде била филијалата на банката имало само банкомати“, соопштила полицијата.

Крадецот признал дека тоа било големо разочарување за него.

Германскиот суд го осудил „баксузниот“ крадец на 7 години затвор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma