Чешкиот државјанин Карел Абеловски (51) се обидел во авион да внесе скоро 250 змии отровници и други рептили кои биле спакувани во неговиот багаж, но аргентинските власти го уапсиле.
Неговиот багаж полн со рептили бил забележан при скенирањето на аеродромот во Буенос АИрес.
Аеродромските службеници пронашле 257 егзотични животни во пластични кутии, кеси, па дури и во чорапи.
Аргентинските власти веруваат дека Абеловски бил член во некоја криминална организација која шверцува егзотични животни чиј извоз е забранет.