Се плашите ли од летање?

popara14 септември, 20111min00
letanje

Ослободете се од оваа фобија и мирно поминете си го одморот.

Конечно собравте малку повеќе пари и сега сакате да посетите некоја далечна земја од вашите сништа. Но, кога ќе помислите на висината и на летот што ве очекува, а кога ќе ви текне и на сите сцени од филмовите кога се руши авионот, ви се одмилува и дестинацијата и одморот.

Причините за ваквиот страв се многубројни, зависи од човек до човек. Најчесто стравот од летање е поврзан со клаустрофобија, страв од висина или губење на контрола. Доколку овие стравови не се во некоја напредна фаза, можат лесно да се контролираат. Еве како:

1. Едуцирајте се и размислете рационално

На несигурните луѓе е многу полесно да се влијае. Особено е значајно влијанието од медиумите. Затоа престанете да гледате документарци и филмови со ваква тематика. Особено ако сте многу чувствителни.

Летањето со авион е еден од насигурните начини да стигнете некаде. Пред да патувате добро запознајте се со компанијата, условите, предностите, статистиката  и понудите. Штом сте информирани ќе се чувствувате посигурни, бидејќи веќе се наоѓате на познат реон.

2. Визуелизирајте го патувањето

Кога ќе помислите на авион во лет, тоа нека не ве потсетува на безброј киломерти во воздух. Подобро помислете на удобните седишта, на летот низ времето, на облаците и на оддалеченоста од секојдневието. Земете си ја омилената музика и книга со чија помош ќе го пополните времето додека летате.

3. Разговарајте со луѓето околку вас

Ако патувате сами, започнете разговор со личноста која седи до вас. Запознавањето е секогаш добро искуство, а во случајов ќе ве опушти и ќе ги засени вашите стравови. Особено ако до вас седи згоден дечко. За сè што ви е нејасно прашајте ги вработените во авионот. Тие ќе ви објаснат што и да ве интересира.

4. Користете директни летови

Доколку одите на подолго патување, потрудете се да најдете директен лет, без преместувања. Тоа ќе ве поштеди од повторување на дејствата каде постои можност вашите техники за опуштање да делуваат контраефективно.

5. Побарајте дополнителна помош

Книгите, ДВД-то можат да ви помогнат во совладување на стравот. За некои луѓе друго решение нема. Ако сакате брзо да сигнете до вашето одредиште, едноставно опуштете се со добра книга или филм и не мислете на ништо друго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag