Се појави првата озонска дупка! Не е шала!!!

popara3 октомври, 20111min00
antartika

Загубата на озон над Арктикот оваа година е толку голема што за прв пат подрачјето над Арктикот може да се нарече озонска дупка, пренесува BBC повикувајќи се на извештаите на научниците.

Поточно, според зборовите на научниците, околу 20 километри над земјата, 80% од озонот го снемало. Причина за тоа е невообичаеното долго студено време на таа висина. Во такви ладни услови, најкативен е хлорот кој го уништува озонот. Според записите на магазинот Nature, моментално тешко е да се предвиди дали таквата загуба ќе постои и во иднина.

„Зимите во арктичката стратосфера се многу променливи, некогаш топли, некогаш ладни. Но последните децении зимите стануваат се по студени. Според тоа се очекува во иднина да има повеќе ладни зими, а ако тоа се случи додека нивото на хлор е високо, можеме да очекуваме нова озонска загуба“, изјавила Мишел Санте од лабораторијата на НАСА.

Хемикалиите „убијци“ на озонот чија употреба започнала кон крајот на минатиот век во апаратите како што се фрижидери, противпожарни апарати, со нивниот деструктивен ефект кој за прв пат е документиран на Антартикот. Нивната употреба прогресивно е ограничувана, а потоа елиминирана со Монтреалскиот протокол од 1987 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag