Се повеќе кучињата и мачките се „навлекуваат“ на марихуана! :)))

popara30 декември, 20111min00
pm

Американските ветеринари неодамна предупредиле дека на лечење се повеќе им се носат дрогирани домашни миленичиња. Според весникот „САн Франциско Викли“, ветеринарите се соочуваат со неверојатен пораст на случаи на интоксикација на домашни миленици од марихуана.

“Се повеќе и повеќе ни носат кучиња и мачки дрогирана со канабис. Порано имавме еден случај годишно, но денес ни носат понеколку месечно”, изјави Стејси Санти, еден од ветеринарите кои од алармираа за оваа појава.

Експертите сметаат дека овој феномен се должи на легализацијата на марихуаната за медицински цели во САД. Заинтригирани, но исто така и љупопитни, кучињата и мачките се во искушение да пробаат се што консумира и нивниот сопственик.

Некои кучиња и мачки се забележани како ги грицкаат листовите од  канабис растението.

“Кучињата го обожаваат тоа”, изјавил еден ветеринар од Сан Франциско, додавајќи дека мачките се помалку склони кон тој порок.

Ветеринарите, сепак, сакаат да ги предупредат сопствениците на миленичиња дека марихуаната е вистински отров за кучињата и мачките.

“Животните кои консумираат марихуана може да доживеат психолошка криза, па дури и да умрат”, предупредуваат ветеринарите, апелирајќи до сопствениците  кои поседуваат марихуана да ја држат настрана од домашните миленици.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag