Дека и богатите имаат семејни несогласувања покажаа и сестрите Еклстоун, кои се испокараа во ресторанот „Катсуја“, а видеото од нивната кавга стана вистински хит на YouTube.
Иако до неодамна Тамара Еклстоун на својот профил на Твитер се фалеше дека има прекрасна сестра, помеѓу сестрите настанала вистинска караница која, снимана со мобилен телефон, се прошири на интернет.
Причина за кавгата наводно бил фактот дека на Петра не и се допаднала одлуката на Тамара да се пресели во Лос Анџелес и да живее некое време во нејзината куќа. Тамара била повредена и веднаш го напуштила ресторанот.
Ете, ова е жив доказ дека љубомората, алчноста и караниците помеѓу браќата и сестрите се составен дел од човековата природа, без разлика на тоа колку пари и богатство некој има. Погледнете ја кавгата помеѓу двете сестри:
http://www.youtube.com/watch?v=9a4MNqHRSCQ&feature=player_embedded#!