Се снима нов филм за Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

31 мај, 20110
634261116267749935
Еден месец по венчавката на столетието, се снима уште еден филм за романсата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Мешавина од факти и фикција, филмот “Вилијам и Кејт: Кралската љубовна приказна“, премиерно ќе биде прикажан во август на телевизискиот канал “Холмарк“.
Режисерката Линда Јелен рекла дека филмот не е само романса, туку и “психолошка приказна за споменот на мајка, во овој случај на принцезата Дајана и нејзиното наследство“.
Кралскиот пар го кажа судбоносното “да“ на 29 април на раскошна церемонија како што им прилега на луѓето со сина крв, а снимањето на филмот започна во мај во Романија.
Јелен, која во три наврати ја видела принцезата Дајана, рекла дека филмот е “навистина лична приказна“. “На некој начин, тоа е мојата почит кон принцезата, така и кон младиот пар“, објаснила режисерката.
Британската актерка Алис Сент Клер, која ќе ја игра улогата на Мидлтон, објаснила дека филмот го следи развојот на љубовната врска од пријателство до љубов. Принцот Вилијам го глуми американскиот актер Ден Ембојер кој филмот го нарекол “модерна бајка“. Кралицата Елизабета Втора ја глуми Џејн Александер кој е номинирана за Оскар.

Еден филм за приказната на Кејт и Вилијам веќе бил снимен и емитуван пред венчавката но наишол на лоши критики од телевизиската публика.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber