
Две американки биле уапсени во центарот на Москва бидејќи се соблекле голи пред собраните граѓани.
Станува збор за активистки од организацијата за заштита на животните ПЕТА, која ширум светот се бори против човековата суровост кон животните.
Руската полиција веднаш ги однела американките во притвор каде против нив ќе биде поднесена прекршочна пријава, бидејќи се соблекле во јавност.
Стриптизот тие го извеле во рамките на акцијата „Облечи своја кожа“, каде тие протестирале против носењето облека од животниско крзно и кожа.