Се тужат поради најскапиот тепих во светот! :)

popara9 декември, 20111min00
123340

Поранешната сопственичка го продала за 20.000 евра, а потоа истиот бил продаден за 7,2 милиони евра.

Бон – поранешната сопственичка на тепихот кој во 2010 година на аукција во Лондон  беше продаден за неверојатни 7,2 милиони евра, сега бара оштета бидејќи таа го продала за само 20.000 евра.

Тепихот со години стоел во подрумот на некогашната сопственичка, пред таа да одлучи да го понуди на аукциската куќа во градот Аугсбург во Германија. Тепихот првично бил проценет на 900, но на крај бил продаден за 20.000 евра.

Само неколку месеци подоцна, тој истиот персиски тепих е продаден за 7,2 милиони евра, а така стана и  најскапиот тепих на светот.

Сега поранешната сопственичка ја тужи аукциската куќа поради лошата проценка и бара оштета од 350.000 евра.

Тепихот инаку, датира од 17 век, а негова сопственичка била француската грофица de Beag (1870-1939), која поседувала голема збирка на дела од иранската уметност.

Последната сопственичка на тепихот го добила од познат трговец на теписи од Минхен. Кога се преселила во помал стан тепихот и бил преголем и долго не го користела, па затоа решила да го продаде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag