Се удавил јадејќи во авион… И тоа се случува:(

popara5 септември, 20111min00
article-2033546-00EFA8821000044C-295_468x329

Една девојка седела цели 9 часа до мртвото тело на својот дечко откако тој се задавил јадејќи телешко месо во авионот кој патувал кон Нов Зеланд.

Девојката Ванеса Причакул (27) изјавила како доживеала вистински хорор, додека нејзиниот 31-годишен дечко, Роберт Рипингејл се задавил јадејќи на Џетстар летот меѓу Сингапур и Окланд.

-Еден момент седевме, се бакнувавме држејќи се за раце, а во наредниот миг Роберт се давеше – кажува младата архитектка.

Тие три години живееле и работеле во Сингапур, а сега Роберт ја носел да ја запознае со неговото семејство во Нов Зеланд.

Роберт лакомо си го јадел ручекот од телешко на авионот. На почетокот сè било во ред, а потоа тој почнал да се тресе. Очите му се превртувале, не можел да зборува, а усните му станале модри.

Меѓу патниците имало еден доктор и две медицински сестри, кои веднаш почнале да помагаат, откако го чуле врескањето на девојката.

Сепак, не успеале да го спасат навреме.

–          Докторот ми пријде и рече дека му е жал – сторил сè што можел но сепак било доцна.

Телото на Роберт било покриено со ќебе и однесено во задниот дел на авионот каде немало патници, а Ванеса инсистирала да седи до телото за време на преостанатите девет часа лет.

–          Морав да издржам, немав избор, – вели таа за медиумите.

–          Се уште не можам да се помирам дека тоа можеше нам да ни се случи…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag