Се венчаа мајмуните Чинки и Раја! Честитаме на невестата! :)

popara12 јули, 20111min00
indijamajmunivenchavka

Во селото Талвас, сокриено длабоко во шумите на Индија, се чини дека некој се меша во мајмунксата работа. Ова мало село од неодамна стана дом на два мајмуни кои се во брак, а тоа е и првиот мајмунски брак во Индија.

Младоженецот Раја, бил познат во селото по тоа што, спиел и пушел заедно со својот газда Рамеш Шаинием, кој со мајмунот се однесува како со свој син. Чинки, невестата, припаѓа на свештеник од соседното село, кој прак самиот тој ја предложил венчавката за овие два мајмуни.

Можеби звучи едноставно, но сопствениците на животните беа соочени со проблем: според законот за заштита на дивите животни, граѓаните не смеаат да ги чуваат мајмуните како домашни миленичиња, а камоли да ги венчаваат. Животните имаат значајна улога во Хинду културата.

Но, сепак, сопствениците не се откажаа од идејата и решиле да го сторат тоа во тајност. Во меѓувреме имале испратено стотици покани. На денот на венчавката стотици селани чекаа на спектакл, додека тајната венчавка била направена во шумата.

Властите изјавиле дека се надеваат дека мајмуните ќе бидат вратени во шумата, а Шаини кој нема деца, кажал дека венчавката на неговиот мајмун за него претставувало уживање, “како да го женев синот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag