Еден либиски евреин кој пред 40 години ја напуштил Либија и се преселил во Италија изјавил дека се вратил во својата родна земја за да ја обнови главната синагога во Триполи и да промовира толеранција.
Дејвид Герби (56), раскажал дека во 1967 година неговото семејство пребегало од Либија во Рим, поради гневот со кои се соочувала евреите со апсењето на палестинските терористи во Израел за време на војната на Блискиот Исток. Две години подоцна, либискиот лидер Моамер Гадафи ги протерал сите останати членови на малата еврејска заедница.
Герби навел дека се вратил во Либија, по падот на Гадафи, поради амбициозна цел – да ја реставрира унишената синагога Дар ал-Биши во стариот дел на Триполи.
Тој раскажал дека заплакал кога го срушил ѕидот кој го блокирал влезот во синагогата. Дозвола за рушење му дале новите либиски лидери.