Себастиeн Буеми

popara5 септември, 20111min00
0

Себастиeн Оливер Буеми e роден на 31 Октовмри 1988 година во Еигл. Тој е швајцарски тркач на Формула1 , кој се натпреварува за Scuderia Toro Rosso во Формула 1. Откако „дипломирал“ картинг, Буеми ги прошол 2004 и 2005 година во Германската BMW Formula, завршувајќи втор и трет во шампионатот. Тој исто така бил на второто место во 2005 FBMW World Final.

По учеството и незначајни резултати во 2005 година, во Шпанската Формула 3, Буеми во 2006 и 2007 година заедно со Нил Џани и Марсел Фаслер возел за А1 тимот на Швајцарија во А1 Гран При – то, притоа завршувајќи на 8-мото место во шампионатот.

Буеми бил драфтуван како замена на повредениот Мајкл Амермулер на ART Grand Prix за Монако трката од GP2 Series season 2007. Tој во своето деби за ГП2 се квалификувал на 4-тата позиција а завршил на седмо место. За 2008 година во GP2 Asia Series се придружил на тимот Арден Интернешнал, завршувајќи како второ-пласиран дури 4 пати. Буеми ја заокружил сезоната под крилото на овој тим. Својата прва победа постигнал на Француската спринт трка, започнувајќи на 21-вата позиција ( со подоцнежни технички проблеми во трката ) со мазни гуми на влажната патека. Тој победил и на уште една трка и се пласирал на шестото место на крајот од шампионатот.

На 18 септември, 2007 година тој возел за Red Bull BB3 на Формула 1 сесијата во Херез. Тој имал трет најбрз резултат на крајот на денот, позади Тимо Глок (BMW) и Витантонио Луизи (Scuderia Toro Rosso) но пред имиња како што се Рубен Баричело (Honda)  и Нелсон Пике (Renault). На 26-ти јануари, 2008 година од Ред Бул Рејсинг го потврдиле местото на Буеми во тимот како нивни резервен и тест возач за сезоната 2008. На Јапонското Гранд При 2008 , тој ја возел медицинската кола со која по обичај ја управувал Д-р Жаскез Тропена, кој страдал од проблеми со увото.

На 9-ти јануари Буеми потпишал за Scuderia Toro Rosso и во својата прва трка го „дисквалификувал“ својот тимски колега Себастијан Бурдес, но сепак со резултат од 8 мо место, за подоцна да биде прогласен на седмото место, заради дисквалификацијата на Луис Хамилтон. На 9 – ти ноември Буеми потврдил уште една сезона за Торо Росо. Во трката за Кинеското Гранд При 2010 на слободните трки беше сузпензиран поради прекршување на Кривината 14, а од неговиот тим го обвинуваат недостатокот на новата предна десница на стазата.

Франц Тост, првиот човек на Торо Росо изјавува дека Буеми заедно со својот тимски колега од 2010 и 2009 – Жем Алкерсуари, ќе останат во тимот и за сезоната 2011.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag