Архитектонската награда „Carbuncle Cup“ која магазинот „Building Design“ ја доделува секоја година на најгрдата градба изградена на територијата на Велика Британија. За оваа година тоа е новото седиште на BBC и студиото за медиуми и културолошки науки на Универзитетот во Салфорд.
Џонатан Гланси, еден од членовите на жирито, запрашал како собиралиштето на голем број креативци може да биде сместено во една таква некреативна градба. Според жирито, самиот проект имал одлична смисла во идејната фаза, но по изградбата се покажало како тотално промашување.
Градбата е инспирирана од Media City во Дубаи, но додека таа совршено се вклопува со окружувањето во тој град, британската верзија, без оглед на буџетот од 600 милиони фунти не изгледа добро.