Седум добри причини зошто да им дадете шанса на „бубалиците“

popara25 ноември, 20111min00
nerd

„Бубалиците“ не се популарни помеѓу жените, но верувајте дека постојат многу причини зошто треба на овие момци да им дадете шанса:

Интелигентни – „Бубалиците“ се всушност многу интелигентни момци кои целиот свој живот биле „одлични“. Можеби не биле најпопуларните спортисти, но сега сигурно заработуваат многу подобро од останатите.

Знаат како да слушаат – Генијалци знаат како е да се биде игнориран и маргинализиран, а никогаш нема да дозволат нивната жена да се чувствува така.

Не мора секогаш да биде во право – За разлика од алфа мажјаците, овие момци не патат од потребата секогаш да бидат во право. Тоа не значи дека се слабаци, туку напротив, знаат дека не мора да се докажуваат.

Духовити – Иако никогаш немале шанса да се докажат, ќе се изненадите колку овие момци имаат интересна смисла за хумор. Тие се срамежливи само затоа што никогаш не добиле шанса.

Амбициозни – Кај овие момци не постои зборот мрзливост. Тие отсекогаш биле екстра мотивирани да се докажат, карактеристика која ги оформила во навистина амбициозни мажи.

Човек за една жена – Не е фер да ги карактеризираме сите мачо мажи како неверни. Но факт е дека шансите да бидете изневерени се значително помали доколку се забавувате со „бубалица“.

Футурист – Не само да сакаат научно фантастични романи и филмови, туку овие момци знаат што сакаат во иднина и не се плашат да работат за да го добијат тоа што го сакаат.