Седум совети за да го освежите здивот

popara4 септември, 20111min00
brushing-teeth-heart-health

1. Џвакајте листови од свежо нане

Свежите листови од нане ќе ги неутрализираат лошите мириси и ќе ја освежат усната шуплина. Освен што ќе ја почувствувате свежината во устата, нането ќе го смири желудникот и подобри варењето на храната.

2. Користете забен конец

Забниот конец ќе ја отстрани насобраната храна помеѓу забите и на тој начин ќе ја отстрани можноста за создавање на бактерии кои всушност се изворот на лош мирис.

3. Мијте ги забите и јазикот

Забите треба да се мијат најмалку два пати во денот. Но освен забите, посветете внимание и на јазикот. Не знаете колку бактерии има само на него. Усната шуплина мијте ја со паста за заби со нане која најдобро ќе ги неутрализира непријатните миризби.

4. Редовна посета на стоматолог

Редовниот преглед на состојбата на забите ќе помогне сто поскоро да откриете било каков проблем со забите. Исто така добро е барем еднаш или двапати во годината да направите чистење на забите од забен камен, кој не можете да го исчистите со четка за заби. Забниот камен се наталожува на забите и создава прекрасна околина за развој на бактерии.

5. Пијте многу вода

Дехидратацијата може да предизвика лош здив. Затоа секогаш кога сте во можност напијте се една чаша вода. Покрај тоа водата ќе ја исплакне усната шуплина и ќе отстрани дел од наталожените бактерии.

6. Јадете јаболко

Ако немате при рака четка и паста за заби, изедете едно јаболко. Веднаш ќе го забележите ефектот.

7. Избегнувајте храна која содржи лук и кромид, како и кафе и цигари!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma