Седум светски чуда во Дубаи

popara29 јули, 20111min00
dubai

Дубаи е познат како една од најатрактивните туристички дестинации. Луксузни хотели, долги песочни плажи, трговски центри, забави и чудата на модерната архитектура е она што ги привлекува туристите од целиот свет.

Може да се каже дека сите светски чуда се наоѓаат во Дубаи.

Бурџ Дубаи: највисоката зграда во светот

Бурџ Дубаи или Кула во Дубаи е висока 828 метри и е највисока зграда во светот. Конструкцијата на зградата е претежно комбинација на челик и стакло, а нејзината форма дава впечаток на џиновска игла која го пробива пустинското небо. Температурата на воздухот на последниот кат на облакодерот е 10 степени пониска од температурата на приземјето.

Вештачки острови во форма на палми

Овие острови се единствени градби, освен Кинескиот Ѕид што може да се види со голо око од Месечината. Палма островите станаа симбол на Емиратите, особено откога руските астронаути направија снимање од вселенски станици МКС и ги испратија во светот. Ова е единствен комплекс Атлантис. Проектот е инспириран од легендата за Атлантида, и се протега на 46 хектари.

Подводо одмаралиште Хидрополис

Хидрополис е првото светско одмаралиште сместено под морето во Персискиот залив. Тоа се состои од крајбрежен и подводен дел, кој се спушта на длабочина од 20 метри. Во овој дел се сместени два ресторани и неколку барови, салон за убавивна, спа центар, златара, неколку бутици,сала за играње, кино и удобна конференциска сала со проѕирна купола. За туристи кои сакаат екстравангардност “Hidropolis” нуди 220 апартмани.

Најголемиот забавен парк, Дубаиленд

Дубаиленд е двапати поголем од  Дизниленд и ќе биде поделен на шест тематски делови. Ова не само што ќе биде забавен парк, тука ќе има цел град, а се очекува да биде завршен помеѓу 2015 и 2018 година.

Архипелаг на светот

Покрај островот во облик на палма, во Дубаи се наоѓаат и збир на вештачки острови кои се во облик на континентот, односно мапа од светот. На секој континент има простор за држава која постои во реалниот свет, како и простор за стамбени објекти и за изградба на ресторани, колку е замјата поголема добива се повеќе прстор за овој архипелаг. Островите се направени од песок, кој е извлечен од морето.

Најголем трговски центар на светот

Дубаи – трговскиот центар е најголем шопингмол во светот. Во него се наоѓаат Дубаи Аквариум, Дубаи Дискавери центар, Златен Арапски пазар, Мода Avenue, Лафајет галерија, фонтана во форма на оаза со водопад, SEGA парк, SEGA Република, детски KidZon забавен парк, 22 кина и многу повеќе.

Ски Дубаи: затворен скијачки центар

Ски Дубаи е затворен центар наменет за љубителите на алпското скијање. Овде се прави, одржува и увезува снег. Увезени се 6.000 тони снег само за отварањето на овој ски центар. Просторот на овој центар е како три до четири фудбалски игралишта и може слободно да скијаат 1.500 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma